10 употреби на масло од КОКОС

Маслото од кокос е едно од неколкуте храни кои можат да се класифицираат како „Супер храна“. Неговото делотворно дејство започнува од нега на кожа, коса и тело, за срцеви болести, намалување на телесна тежина, зајакнување на имунитетот, подобрува на дигестија итн.

Овојпат ќе ви ви прикажеме 10 од многуте придобивки од користење на маслото од кокос:

  • За сите ИДНИ МАЈКИ – Мајките доилки со конзумирање на 3½ лажици кокосово масло секојдневно, го зголемуваат количеството на квалитетно мајчино млеко.

 

  • При ВОДА ВО УВО – Измешајте кокосово масло со масло од лук и ставете неколку капки од смесата во увото. Со повторување на овој процес неколку пати во денот, ќе се отстрани водата од увото и ќе поминат несаканите болки.

 

  • При КРВАРЕЊЕ ОД НОС – За да се спречи крварењето од нос се става малку кокосово масло во ноздрите, по што треба да легнете и да го затнете носот со прстите. Тоа ќе ги зајакне и воедно заштити капиларите во носот, со што крварењето ќе запре.

 

  • При КАСНУВАЊЕ ОД ИНСЕКТИ – Нанесете кокосово малсо директно на каснатото место. Со тоа моментално се намалува печењето и чешањето и се забрзува процесот на лекување.

 

  • Како алтернативна ПАСТА ЗА ЗАБИ – Измешајте малку кокосово масло со сода бикарбона или зелена глина. Смесата со тапкање се нанесува на четката за заби.

 

  • За подмладување на пределот ОКОЛУ ОЧИТЕ – Маслото од кокос помага да се намали подуеноста, темните перничиња околу очите како и околните брчки. Пред спиење може да го нанесете и на очните капаци.

 

  • Како замена за РЕГЕНЕРАТОР ЗА КОСА – Нанесете од маслото на врвовите на косата после миење. Оставете да отстои и по десетина минути измијте ја косата. Сјајот пријатно ќе ве изненади.

 

  • За ЛЕЧЕЊЕ НА БРАДАВИЦИ – Тој е одличен лек за суви или испукани брадавици. Нанасете малку од маслото на памук и нежно тријте го местото. Истата постапка повторувајте ја неколку пати дневно.

 

  • За брзо заздравување на МОДРИНКИ и ОШТЕТЕНИ ТКИВА – Кокосовото масло со своето антибактериско и регенеративно дејство ја штити раната од инфекции, бактерии и вируси. Ваше е да нанесете тенок слој врз местото.

 

  • За подобрување на ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА – Кокосовото масло помага за ублажување на проблемите со кожата, како што се псоријаза, дерматит и егзема.
Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0