Јади ЈАЈЦА да имаш здравје ко за ДВАЈЦА
Ѕид ѕидосано, вар варосано, нигде ѕирка ни проѕирка … ЈАЈЦЕ!
Јајцата спаѓаат во малата кошница во која намирниците се класифицираат како „СУПЕР ХРАНА“. Тие се богати со хранливи материи од кои некои се дури и ретко застапени во модерните диети. Погледнете ги овие здравствени придобивки од јајцата кои безброј студии ги имаат многупати потврдено:
- Одличен извор на енергија: Јајцата ги содржат скоро сите дневни витамини и минерали кои се потребни за производство на енергија во сите клетки на телото.
- Здрав имунолошки систем: Витаминот А и Б12, како и селенот, се клучни за одржување на имунолошкиот систем во здрава состојба.
- Здрав мозок: Јајцата содржат витамини и минерали кои се потребни за нормално функционирање на клетките, вклучувајќи го мозокот, нервниот систем, меморијата и метаболизмот.
- Здрав вид: Лутеинот и зеаксантинот помагаат при спречување на макуларна дегенерација, состојба на окото која е главен причинител на слепило поврзано со староста. Другите витамини исто така имаат придонес кон здравиот вид.
- Здрав развој на бебето за време на бременост: Хранливите вредности кои ги содржи јајцето помагаат при спречување на дефекти при раѓање, како што е спина бифида.
- Силна мускулатура: Протеините кои ги содржат јајцата помагаат за мускулите да работат добро при што ја намалуваат стапката на губење на мускулна маса.
- Помал ризик од срцеви заболувања: Холинот кој го содржат јајцата игра важна улога во рушење на аминокиселината наречена хомоцистеин, која е поврзана со развој на болести на срцето.
- Слабеење и одржување на витка става: Високиот квалитет на протеини во јајцата ги држат луѓето полни со енергија и подолготрајно чувство на ситост. Чувството на ситост воедно го спречува земањето на нездрави ужинки и го намалува вкупниот внес на калории.
- Здрав изглед: Некои витамини и минерали во јајцата помагаат за одржување на здрава кожа и спречуваат распаѓање на телесните ткива. Силниот имунолошки систем исто така придонесува за целокупен здрав изглед.
Средно по големина јајце обично содржи 5.53гр. протеини и само 63 калории.
Инаку едно јајце содржи:
- Витамин А: 6% од ПДВ (Препорачан Дневен Внес)
- Фолна киселина: 5% од ПДВ
- Витамин Б5: 7% од ПДВ
- Витамин Б12: 9% од ПДВ
- Витамин Б2: 15% од ПДВ
- Фосфор: 9% од ПДВ
- Селен: 22% од ПДВ
- Витамин Д, Витамин Е, Витамин К, Витамин Б6, Калциум и Цинк.
Затоа драги мои, да имате здравје ко за двајца, слободно конзумирајте јајца!
Like или Share? А може и двете ..