Супер храна за подобар СОН

Голем дел од храната која ја внесуваме во нашиот организам во себе содржи состојки кои делуваат позитивно на нашиот сон. Постои храна која не се препорачува да се внесува во вечерните часови, но има и таква која е одлична за уште подобар одмор во текот на ноќта. Сепак не заборавајте дека ниту една храна не треба да се конзумира непосредно пред спиење.

 

Ореви

Оревите се добар извор на триптофан. Тоа е аминокиселина која во телото се трансформира во неуротрансмитер серотонин – хормон кој е неопходен за добар сон. Покрај тоа едно од истражувањата покажало дека оревите се посебен извор на мелатонин, кој може да помогне побрзо да заспиете.

Бадеми

Бадемите се богати со магнезиум, минерал кој е потребен за квалитетен сон. Некои истражувања имаат покажано дека луѓето со пониско ниво на магнезиум имаат отежнато спиење.

Сирење и крекери

Повеќето луѓе веруваат дека шољата топло млеко може да помогне за подобар сон, но вистината е дека скоро секој млечен производ е добар за квалитетен сон. Калциумот кој се наоѓа во сирењето, јогуртот, млекото итн, го олеснува користењето на триптофанот.

 

Зелена салата

Ако за вечера јадете зелена салата, таа може да ви помогне подобро да спиете, бидејќи содржи лактуцин – состојка која помага при опуштање и изразено мирен и лесен сон.

Туна

Рибите како што се туната и лососот се извор на витамин Б6 кој на телото му е потребен како би произведувал мелатонин и серотонин. Други намирници кои се богати со витамин Б6 се сировиот лук и фстакот.

 

Чај од камилица

Чајот од камилица има смирувачки својства и е одличен избор пред спиење. Тој е исто така добар лек за смирување.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0