15 октомври 2024
ПоследноПриказни од животот

Дали Ана шарала, сама си го барала?!

Деновиве низ социјалните медиуми се појави видеото на 28 годишната Ана, каде јавно споделува дека нејзини слики, лични информации, па дури и мобилен телефон, биле цел на сеуште постоечката „Јавна соба“, група каде се споделуваат слики и информации од девојки, кои потоа се коментираат со навредливи и погрдни зборови.

„Денес жртва на јавна соба сум јас, утре може да бидеш ти!“ – вели Ана, чија решителност и одлука да истапи јавно и пред сите да проговори за овој случај е за пофалба и еден чекор напред кон отварање на мрачната пандорина кутија, за која многумина не сакаат, се повлекуваат или од страв да не бидат осудувани од околината, ги премолчуваат ваквите дејствија, кои понатаму можат и те како негативно да се одразат врз нивното ментално здравје.

Некои ја поддржуваат, но некои сеуште ја осудуваат! За осуда не е жртвата, туку сите оние благо кажано дегенерици, кои си земале за право да објават, омалуважуваат и оцрнат некое женско лице, кое пред се може и ќерка да им биде! НЕ драги господа, таа ниту шарала, ниту сама си го барала, како што многумина од вас милуваат да кажат, таа едноставно е една убава и привлечна девојка, која е горда со се она што го поседува на себе и во себе, а тоа што објавува слики кои нејзе и се допаѓаат тоа е само нејзина работа. Тоа никако и во никој случај не дава за право на било кого тоа да го злоупотреби!

Многу ми е криво што во оваа држава не постојат закони кои ова можат да го решат во два потега! Да тргнеме од тоа дека оваа група сеуште постои! Срам од држава, луѓе и институции. Решете го овој проблем веднаш да не се најдат во срамната група слики од личности кои токму вам ви се драги, па да видите како боли за некој кој ви е близок. Правда за Ана.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0