Македонија – земја каде секој прави што сака!
Во оваа наша земја многу одамна секој прави што сака, како сака и колку сака! НИКОЈ не одговара за своите постапки. Мала корекција, не одговара тој што навистина треба да одговара, туку потрчковците, доушниците и политичко испраните мозоци, тие си лежат наместо вистинските виновници.
Директорка, ЕЈ ДИРЕКТОРКА на клиника за кожни заболувања, која се вратила од ИТАЛИЈА, моментално најголемото жариште на Корона вирусот, која ја положила Хипократовата заклетва, на која пациентите и се пред сѐ, која ПРВА како пример треба да остане во домашен карантин барем две недели и да не доаѓа на работа поради превенција, си шетала, си се дружела и си држела семинари, дрско и безобразно, без трошка совест, свест и ЗДРАВ РАЗУМ!
Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави разочарување од односот на својата колешка и дека ќе ја разреши по изборите закажани за 12 Април. Какво разочарување, какви бакрачи!
„Министре, вие треба да поднесете мометално разрешување на директорката и лично да поднесете кривична пријава против ваквото дејствие! Бидете пример за сите. КАЗНА за неодговорност, за можно ширење на заразна болест, за загрозување на јавното здравје кое е СЕРИОЗЕН ПРЕКРШОК!“
Дајте малце сериозност. Па не може кој сака и што сака да прави во оваа држава! Сите сме загрозени од едно недолично и крајно неодговорно однесување на едно лице. Воспоставете РЕД!
Велите ПРАВНА ДРЖАВА пред се! Ајде да ве видиме тогаш на дело!