15 октомври 2024
МК ЛиковиПоследноПриказни од животот

Зои Блаж – Гламурозната девојка со скромно срце

Ви ја претставуваме девојката со златни раце, а богами и златно срце, една посебно пријатна личност која емитира некоја блажина (не залудно е Блаж 🙂 ) и чувство на свежост околу себе, позитивна енергија и зрак топлина која може да ги стопи и најладните срца – Зои Блаж, главен виновник за STAR Make Up студиото за убавина.

Убава како одвнатре така и однадвор со своите вешти раце дава нова димензија на естетика на лицето, создавајќи гламур кој прилега на секој црвен килим, елеганција и префинетост симболична за еден Холивуд, игра на бои и техники кои соодветствуваат на еден врвен мејк ап артист.

Кралица на видео мејк ап туторијалите, од изглед за секој ден до екстравагантност и отменост, но и искрен говорник и голема поддршка на многумина кои се соочуваат со сличен „проблем“ како нејзиниот, односно со акни на лицето.

  • Која е Зои Блаж?

– Зои Блаж е мејк ап артист и сопственик на свое студио за убавина, но истовремено Зои својата уметност и секојдневие ги пласира на платформата Инстаграм.

  • Кога ја откри твојата дарба за шминкање и како дојде до ова завидно ниво на умешност на кое се наоѓаш во моментов?

– Уште како дете многу сакав шминки. Се шминкав доста во тинејџерските години и сите велеа: „Леле преубаво се шминкаш“. Ги шминкав другарките и роднините за свадба и сите ме тераа да започнам нешто свое, но јас не бев спремна … И ете еден ден седиме со Тадеј и само реков јас правам профил и почнувам да шминкам. Веќе 4 години можам да кажам дека се исполнети со многу успех и пред се задоволни клиентки и препораки … Спонтана реклама и ширење на бизнисот од задоволен клиент, од тоа подобра реклама не постои.

  • Од каде ја црпиш твојата инспирација?

– Дефинитивно од позитивни и убави жени. Премногу следам светски брендови, како и шминкери.

  • Впечатлива и опасна или умерена шминка за секој ден?

– Ух, тешко прашање, зависи за што ми треба и како сум расположена. Не можам да одберам едно, нека се двете.

  • Star Make UP е остварување на твојот сон или визијата не престанува само таму?

– Мојот салон е еден убав почеток на еден убав сон, но дефинитивно не застанувам тука, бидејќи тек допрва доаѓаат работите што ги спремам долго време и со нетрпение чекам да ви ги откријам.

  • Акните се поголем непријател на внатрешниот отколку на надворешниот изглед. Како ти се справуваш со нив и која е твојата порака до сите оние се соочуваат со тоа?

– Баш пред некој ден имав една порака до сите што го имаат тој проблем и сум позитивно изненадена колку имам помогнато на девојки да си ја подигнат самодовербата и да не се срамат со тој проблем туку да знаат да се носат со него. Јас веќе две години се мачам со акни и имам хормонски проблем. Летото ми се исчисти лицето, немав ништо и сега повторно се појавува по некоја, но ќе помине … Мојата порака до сите е да одат со крената глава, да не се срамат бидејќи тој проблем се решава, кога и да им треба разговор или совет слободно да ме контактираат на инстаграмИ девојки, заедно сме посилни, не слушајте никој, сакајте се онакви какви што сте, бидејќи секако зрачите одвнатре и таа убавина не може никој да ви ја замени со ништо … На оваа тема стално зборувам на мојот профил, споделувам слики, терапии и буквално го прикажувам секојдневниот живот.

  • Која е за тебе дефиниција за убава жена?

– За мене не постои неубава жена , сите сме убави на свој начин. Секогаш велам убава жена е сакана жена – ширете љубов, бидејќи љубов со љубов се враќа.

  • Каде се гледаш себеси за 10тина години?

– На многу повисоко ниво од денес, успешна мајка и сопруга, да си отворам салони во неколку држави и да имам голема школа за убавина каде ќе можам моето знаење да го пренесам на моите ученички иако веќе имам одржано доста курсеви и сеуште држам, и нормално на инстаграм и јутуб уште многу убави идни соработки.

Драга Зои, љубовта извира од очите, а твоите непрестано блескаат. Ти посакуваме многу успеси во иднина на сите животни полиња и твојата заносна енергија нека го преплави светот, кој преку твојот сјај ќе ја осознае и твојата уметничка дарба која заслужува светска слава и успех.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0