Домашен СЕНФ против несоница
Знаеш дека е 100% вкусно и пред се здраво кога сам ќе си го приготвиш. Ви претставуваме едноставен и брз рецепт за домашен сенф кој поради своите состојки е вистински лек против несоница!
Потребните состојки се:
- 200 гр непечен лупен сончоглед
- 100 мл сок од лимон
- 1 кафена лажичка хималајска сол
- 100 мл вода
- 1 кафена лажичка мелено семе од синап
- 1 супена лажица куркума
Сите состојки измиксајте ги заедно во блендер околу 2 минути. Послужете веднаш или складирајте во тегличка за понатамошна употреба.
Дали знаете дека …
Семето од синап е главна состојка за производство на сенф. Со потекло од Индија, ова семе содржи голема концентрација на липиди, јагленохидрати и протеини. Од минерални материи најприсутен е фосфорот, а потоа и калиум и калциум, додека од витамини најдоминантни се витаминот А, рибофлавин, тијамин и ниацин. Тој е исто така одличен извор на омега 3 масни киселини.
Семето од синап е делотворно за несоница, ревматизам како и за дијабетес. Мало но моќно!
Здравјето пред се.