Дали јадењето ЛУБЕНИЦА помага при слабеење?
Овошјето е најдобрата замена за благо и шеќери која природата ни ја дава. Слатко и хранливо, полно со витамини и минерали, освежува но и прочистува, ни дава чувство на ситост и е одлична ужинка која не смееме да ја прескокнеме во текот на денот. Најдобро е да го конзумираме она овошје кое е во сезона, а летото е совршено за внесување здравје од природата преку праски, сливи дињи, грозје и секако кралицата на летото – ЛУБЕНИЦАТА!
Лубеницата е слатко овошје кое содржи многу хранливи материи а исто така и многу малку калории. За да изгубите килограми слободно можете да ја вметнете лубеницата во вашата диета, а можете и да ја конзумирате како сок. Таа ќе ви помогне да го изгубите вишокот на килограми без притоа да ја мразите вашата диета и комплетно ќе ги стопи маснотиите во вашето тело.
Еве зошто лубеницата е идеална за губење на килограми:
Ниско ниво на маснотии и калории
За да го одржите во континуитет процесот на губење килограми, треба да конзумирате помалку маснотии и секако помалку калории. Лубеницата е таа која содржи помалку масти и калории за разлика од останатата здрава храна. Таа содржи само 0.2 масти и 30 калории во 100 грама, поради што нема дополнителна акумулација на маснотии во важето тело и следствено вие губите тежина.
Го намалува складирањето на маснотии
Според една студија, лубеницата содржи аминокиселина наречена цитрулин. Аминокиселината го менува вишокот на маснотии присутни во телото во мускули, што резултира со губење на тежина, како и раст на вашите мускули.
Лубеницата го намалува гладот
Лубеницата е составена од дури 92% вода и значително малку калории. Конзумирањето на ваков тип на храна ќе го држи вашиот организам сит подолго време и нема да чувствувате глад, со што на овој начин би избегнале да внесувате премногу дополнителни калории, со што ќе губите тежина.
Зголемување на ефектот од вежбање
Вежбањето со цел слабеење станува поефикасно ако се конзумираат хранливи елементи и дава подобри резултати. Витамините Ц, А, Б5, Б6 и многуте минерали во лубеницата, ве одржуваат енергични за време на вежбањето. Кога подобро вежбате, тогаш побро губите и тежина.
Прочитајте тука како да го зголемите имунитетот во овие топли денови.
Здравјето пред сè.