11 октомври 2024
ПоследноУтринско разведрување

Честит Велигден добри луѓе

Нека ни е за многу години големиот христијански празник Велигден. Да сме живи и здрави и Господ да ни дари многу здравје пред се, бидејќи без здравје живеачка нема; мир и благосостојба во домот за да може да живееме во спокој, љубов и хармонија со најблиските; бериќет за да уживаме во сочните плодови кои нашиот труд и работа ни ги дарува и секако добра песна и мелодија на душата која ќе не носи по нотите на времето кое приказни ќе ткае за век и векови. Христос воскресе. Вистина воскресе. Амин.

Денес да се свртиме кон самите себеси, да погледнеме длабоко во душата и од срце да се заблагодариме за се што Бог ни дал, за здравјето, за кровот над главата, за топлата трпеза, за семејството и саканите, за животот, како и за двете раце и ум со кои можеме планини да поместуваме и мориња да препловуваме.

Денес нека ечи добрата македонска песна од секој дом. Наум Петрески, Сузана Спасовска, Благица Павловска, Никола Бадев, Петранка Костадинова и многу други чии песни се лек за сечија душа, нека го одбележат овој голем ден со своите евергрини кои ќе траат и ќе се пренесуваат кон сите наредни генерации.

Денес наздравете со чашка ладна ракија, со добро вино или пак пиво, замезете една здрава салата, со мимоза во прв план нели, кршнете се со јајца и сетете се дека животот е убав и дека се случува во овој момент. Гушнете ги тие што се покрај вас и дозволете му на срцето а и на телото да затреперат од убавина, од љубов и од пријатни и позитивни вибрации.

Да сте ни живи и здрави и среќа да ве прати по животниот пат.

Тимот на УКАБУКА

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0