Дали децата имаат премногу играчки?

Дали вашиот стан е преплавен со детски играчки? Дали вашето дете наместо 2-3 кукли има цел гарнизон од пластични убавици во сите форми, бои и модели? Дали наместо некоја количка вашето дете има цел сет од камиони, багери, трактори, колички и останати транспортни средства?

И уште едно прашање: Дали кога идете на одмор, наместо една кофичка и лопатче носите цели торби и кеси поооолни со играчки, лопати во разни големини и бои, 3-4 кофички, колички за извоз и што уште не, за кои поголема е веројатноста да си игра целата плажа со нив, освен вашто дете?

Ако вашиот одговор е ДА тогаш добредојдовте во клубот на „Родители пренатрупани со играчки“. Да, да, добро слушнавте, вие сте тие кои се натрупани, а со вас и вашите деца.

Кога имате се пред себе и повеќе од што треба, вие не можете да се задоволите со тоа што го имате, вие барате уште, барате ново, барате пак и пак, како бунар без дно. А задоволството и радоста колку трае? Па тоа зависи од детето, неколку минути, еден час или кај некои деца дури и цел ден. WOW! Дури цел ден еј, ама без гајле, утре ќе му купите нова и радоста повторно ќе биде голема!

Самите ние како родители правиме грешка со тоа што постојано им купуваме на децата нешто што тие веќе го имаат. Да потенцирам ГО ИМААТ! Тоа лудило мора да сопре.

Дозволете им на децата да се радуваат на неколку играчки. Со самото тоа што нивниот простор е преплавен со се и сешто, децата ја губат имагинацијата и креативноста од „ништо“ да направат нешто многу поголемо, позабавно, повозбудливо. Дозволете им на децата сами да создаваат игри. Дозволете им да ги отворат ширум вратите на нивната фантазија и длабоко да истражуваат во неа. Дозволете им наместо површно да играат, да се задлабочат и да ги развијат нивните мечти низ игра.

На детето не му треба многу за игра. На вас е да му го овозможите тоа.

Среќно.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0