Еве што кажаа родителите кои се ПРОТИВ иницијативата за НЕзадолжително носење маски во училиштата

Откако се покрена иницијативата за менување на мерката за носење на маски во училиштата во незадолжителна, почнаа да се произнесуваат луѓе, родители, наставници и да го споделуваат својот став околу оваа тема. Како што има ЗА, така има и ПРОТИВ. Ова се само мал дел од оние кои сакаат мерката да продолжи да функционира:

Вируси, бактерии и настинки имало и секогаш ќе има, особено во зимскиот период кој допрва следува. Маската секако штити од многуте вируси кои се насекаде околу нас, вклучувајќи го и Ковид 19, но наместо да го решаваме тоа на природен начин, со чаеви, витамини, многу овошје и инхалации, со што би го јакнеле имунитетот на децата, ние се сложуваме со маските, кои нас ќе ни го зголемат раатот, за дома да немаме болни дечиња, но штетата која ќе им ја нанесеме на нив како здрави индивидуи ќе биде уште поголема. Нивното здравје пред нашиот раат!

Значи ние не само што ги заштитуваме нашите деца, ние и ги тренираме нивните бели дробови! Зошто тогаш само децата да тренираат а ние повозрасните слободно да си пиуцкаме и мезиме по кафани, да се гушкаме и да лумпуваме по дискотеки, да си пиеме кафиња и да сме „лишени“ од тој здравствен тренинг кој го препорачувате?

НÈ ЗА ДВОЈНИ СТАНДАРДИ!

Затоа го креваме гласот! Не може истите препораки и мерки да важат за едни а не за други!

Возрасните да вежбаат во теретани без маски, а децата на физичко да трчаат со маски! ЛУДИЛО!

Возрасните да тераат живот по кафани, ресторани и други маракани, а децата позади клупи да следат настава со маски! ЛОГИКА? 

Да се потсетиме дека оваа иницијатива е ДА НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО носењето маски во училиштата. Тоа значи дека сите оние родители кои сметаат дека нивното дете треба да носи маска, тоа може и да продолжи да го прави. Никој не ви го одзема тоа право.

Ајде вака да пробаме… додека седите со колегите на пауза, слободни и без маски, и го пиете попладневното кафе, пропратено со убав разговор, кики-кака моменти, и се разлабавувате во преполн кафич, бидејќи работниот ден е напорен пред се, помислувате ли во тој момент на вашето дете, кое за разлика од вас учи и следи настава како би станал образован граѓанин на Македонија, притоа затворен со маска пред себе и пред светот? Каков пример сте вие за вашите деца?

Размислете уште еднаш и одмерете ги сите страни на оваа проблематика. Престанете да бидете само пасивен минувач низ животот и што е поважно низ одлуките кои се однесуваат на вашите деца, за кои некои други одлучуваат. За промена бидете активен родител и кренете го својот глас, бидејќи тој како и на сите останати има тежина, значење и вредност!

Оние кои не поддржуваат, ќе ве повикам да ја потпишете петицијата „СТОП за задолжително носење на маски во училиштата“.

Време е да надвладее разумот. Бидете реални пред себе и прифатете ја вистината во нејзиниот суров облик. За нашите деца се работи!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0