Кардашиан синдром – Самохранa мајкa!

Моќни, богати и славни, со големи бизниси зад себе, цела машинерија од вработени, со цел свет на тацна, жените од „кланот“ Кардашиан се едни од највлијателните жени во светот. Без разлика што со пластични операции и корекции им е сменет личниот опис од детството, или што она што го гледаме како „совршенство“ е всушност професионална шминка еден тон, сакале или не, тие се лицето на Холивуд и се репер на денешните девојки и жени.

Но, дали сте приметиле дека сите имаат дечиња, но освен Ким, СИТЕ се всушност САМОХРАНИ МАЈКИ? Само кај нас овој збор значи нешто долно, напуштено, со презир и сожалување од околината, додека кај познатите тоа е всушност сосема нормално!

Дали моќта на жената и бракот како институција, се обратнопропорционални?

Дали се наметнува теоријата дека колку жената е помоќна, финанскиски успешна и независна во секој поглед, ја надминува потребата од склучување на брак, било да е со човекот кој е татко на нејзините деца или нова љубовна епизода?

Иако приказната секогаш има две страни, сепак станува некаков вид на тренд жените да направат дете и тие сами да го растат и воспитуваат, а таткото да го гледа своето чедо кога и ќе посака, но без „непотребно“ потпишување на лист хартија за одредување брачна состојба.

Моќта на жената е на многу повисоко ниво од минатото и таа е во постојан пораст. Што тоа би значело во поглед на иднината? Дали жената полека се одрекува од институцијата „брак“ поради тоа што можеби има сè околу себе што ја прави среќна, без потреба да се врзува со еден човек со кој ќе биде до крајот на животот, притоа прифаќајќи ги сите негови мани и недостатоци, лоши моменти и различни расположенија? Дали прагот на комплетно прифаќање на партнерот е подигнат и дали бракот полека паѓа во втор план на жената?

Можеби балканскиот начин на размислување е далеку од оваа „теорија“ која скришум го обзема светот, но времето ќе покаже каде е „правиот“ пат, ако тој воопшто постои.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0