15 октомври 2024
Деца и РодителиПоследно

Секогаш УНИКАТНИ и ЕДИНСТВЕНИ! „Светот на КОЛОРЕС“ во улога на „101 Далматинец“

Први Април е ден на шегата. Ден на смеата, шарените маски, едноставно ден кој е убав и за децата, но и за возрасните. Насекаде низ градот можевме да видиме маскирани дечиња кои гордо шетаа со широките насмевки како нивни заштитен знак. За тоа е и овој ден, за да се излезе од секојдневието и да се навлезе во еден друг свет, свет на соништата и мечтите.

Како посебен ден на кој најмногу се радуваат децата, со гордост ги издвојуваме дечињата од градинката „Светот на Колорес“ кои со нивните оригинални идеи не престануваат да не изненадуваат. Како излезени од филм, со сите дечиња маскирани во мали далматинчиња, но и воспитувачките исто така, ни го збогатија градот и ни го разубавија секојдневието. Навистина секоја чест! Веруваме дека овој ден дечињата ќе го паметат засекогаш, а родителите ќе бидат исполнети со радост токму поради среќата која нивните деца ја доживуваат на овој за нив голем ден.

Погледнете за што станува збор:

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0